Центар за обука ЕВА | Training Center EVA

Контакт

Центар за обука ЕВА,
Едукативна вокациска асистенција
ул. Костурски херои 60 (поранешна ул. 29 ноември)
1000 Скопје

Телефон

078 23 13 23

Pause | Play
|
Tray Button

English | Македонски

Објавено: јуни 2016

ПОДГОТВИТЕЛНИ КУРСЕВИ ЗА ПОЛАГАЊЕ TOEFL

 

Со TOEFL - до посакуваните студии во странство, престижна стипендија, унапредување или позиција на државен службеник.

Со овие курсеви ќе добиете квалитетна обука и во целост ќе се подготвите за успешно полагање на тестовите, преку детално запознавање со четирите дела од кои тестовите се состојат (читање, слушање, зборување и пишување).

Програмата е насочена кон изучување на техниките за совладување на сите типови прашања, подобрување на целокупното познавање на јазикот и осигурување што е можно повисок резултат на испитот.

Постојат два подготвителни курса за TOEFL:
1. Интензивен, кој трае месец и половина, 6 недели, два часа од 90 минути неделно, и кој директно и целосно насочен на совладување на структурата, типот на прашањата од сите 4 дела од испитот, совладување на техниките за успешно решавање на зададените прашања и симулација на тестот. Овој курс е наменет за лица кои одлично го владеат англискиот јазик и имаат многу добро познавање, најмалку завршен B1. Не вклучува детална разработка на граматиката туку постојат два часа на кои се коригираат грешките што учесниците ги прават, брзо се повторуваат времињата и граматичките структури и се продлабочува вокабуларот кој е поврзан со темите кои се среќаваат на деловите за пишување и зборување. Овој курс редовно чини 6.400 денари.

2. Редовен, кој трае два и пол месеци, вкупно 10 недели, два часа од 90 мин неделно. Овој курс покрај самата детална обработка на испитот, прашањата, техниките и стратегиите за решавање на истиот и покрај симулациите на тестот и многубројните примери и тестови кои се решаваат, опфаќа и детално обновување /изучување / коригирање на граматиката со практична примена во задачи кои се бараат на самиот испит. На пример, пишување на есеи во соодветно време, зборување и аргументирање на делот Speaking, со соодветна употреба на граматички коректни фрази и изрази и сл. Исто така овој курс опфаќа и значително проширување на вокабуларот од различни области и вокабуларни вежби кои се во врска со самиот испит и помагаат значително да се подобри вкупното ниво на јазикот и резултатот на испитот. Овој курс редовно чини 10.600 денари.

Групите се мали со цел да обезбедат индивидуален пристап и ефикасност. Темпото е интензивно, се учи и вежба на самиот час, а секој учесник се стимулира да земе активно учество во процесот на заеднички учење.

ВАЖНО:
Со двата курса дополнително и надвор од часовите за кои плаќате добивате:

1. Онлајн менторирање - преглед на есеи и домашни задачи со повратни сугестии, насоки и корекции како и примероци на напишани есеи.
2. Дополнителни ресурси - бесплатни тестови, ЦД-а и решенија
3. Скрипта со скратена ревизија на граматиката и граматички вежби
4. Вокабуларни вежби и вокабуларни листови
5. Симулација на завршниот испит
6. Помош при електронската регистрација на испитот (доколку ви е потребна)

Заинтереираните претходно ќе треба да закажат консултации за определување на нивото на претходното познавање на англискиот јазик и да пополнат пријава за следење на курсот.
Термини: понеделник и среда или вторник и четврток, во договор со групите.

Изберете квалитет бидејќи успехот не е случаен!

Погледнете ги препораките на дел од клиентите кои завршиле курсеви во ЕВА на следниов линк:
http://tc-eva.com/why-eva.shtml#3

Пријавувањe:
Тел.: 02/ 3 256 262 и 078/ 23 13 23
E-mail: contact@tc-eva.com и eva.center@yahoo.com.

СО ЕВА - ГАРАНТИРАН УСПЕХ!