Центар за обука ЕВА | Training Center EVA

Контакт

Центар за обука ЕВА,
Едукативна вокациска асистенција
ул. Костурски херои 60 (поранешна ул. 29 ноември)
1000 Скопје

Телефон

078 23 13 23

Pause | Play
|
Tray Button

English | Македонски

ПРОДАЖНИ ТЕХНИКИ И ВЕШТИНИ

* Како значително да ја зголемите продажбата на вашите производи/услуги и да го скратите продажниот циклус?
* Како правилно да ги анализирате потребите на купувачите, нивниот профил, приоритети и мотиви?
* Како до база на лојални и задоволни купувачи и како да создадете дополнителна вредност за нив?
* Како да ги надминете бариерите во продажбата, како да се справите со “тешки” купувачи?
* Како успешно да преговарате, убедувате, влијаете и како да затворите продажба?

 

Наменета за:
Продажни агенти
Супервизори на продажба
Раководители на продажба
Посредници во продажба
Невработени лица и/или студенти кои имаат потенцијал и желба за кариера во продажба
Независни продавачи

Цели: Подобрување на ефективноста во продажбата преку:
Стекнување јасен увид во психолошките фактори на влијание на одлуката за купување или одбивање
Развивање на способност за ефикасна артикулација на карактеристиките на своето портфолио како и на користа со која се стекнува клиентот по одлуката за купување
Развивање на чувство да се препознава „јазикот на потребите“ на клиентите
Ефективно квалификување и менаџирање на продажниот процес
Разбирање и имплементација на пост-продажните активности како моќна алатка за креирање на лојални клиенти

Содржина

Вовед
§ Обука за продажни вештини – Зошто?
§ Нова дефиниција на продажбата
§ Што бара купувачот?
§ Која е денешната улога на продажниот агент?

B2C vs. B2B
§ Хендикепи и предности

Креирање на иницијален поволен впечаток
§ Комуникација – основа на ефективниот контакт со купувачот
· Комуникациски циклус
· Вербална и невербална комуникација
· Креирање на rapport со купувачот
· Комуникација во специфични околности
o Жал ми е што чекавте толку долго…
o Немојте да заборавите…
o Не ме разбирате …

Анализа на потребите на купувачот
§ Модерен тип на купувач
§ Прашални техники за одредување на:
· Потребите
· Мотивите и
· Приоритетите на купувачот

§ SPIN selling
§ Активно слушање
§ Типови на прашања
· Отворени
· Затворени
· Алтернативни
· Прашања за наведување
· Реторички прашања

Карактеристики на производот vs. корист (Feature vs. Benefit)
§ Креирање на интерес
· Карактеристика + корист + прашање
o Примери од пракса
o Вежба

Идентификација на подготвеност на купувачот да купи
§ Вежба – Невербална комуникација

Надминување бариери во продажбата во различни ситуации:
§ Сакам да размислам...
§ Сакам да проверам на други места ...
§ Скапо е...
§ Секогаш купувам кај ....
§ Само разгледувам...

Преговарање како комплементарен процес со продажбата
§ Основни преговарачки принципи
§ Tips & Tricks за ефективно преговарање

Затворање на продажбата
§ Cross-selling
§ Up-selling

Заклучок – Профил на успешен продажен агент
Q&A

Oбуката ќе се одржи на 26-ти и 27-ти ноември од 10:00 до 18:00 часот и ќе вклучува теориски концепти, интерактивни вежби и ситуациони вежби за увежбување на техниките.

Редовната цена е 7.400 денари.
За поранешни и сегашни клиенти на ЕВА: 6.400 денари
За рано пријавување до 8-ми ноември - 10% попуст.
За двајца колеги или членови од исто семејство - додатни 5% попуст за секој пријавен.
За компании и групно учество - 15% попуст.

Пријавување на 02/ 3 256 262 и 078/23 13 23 и на e-mail: eva.center@yahoo.com , contact@tc-eva.com сo полно име и презиме, возраст и телефон за контакт. Местата се ограничени!

Пријавувањето се смета за валидно и местото се резервира само по извршена уплата на трансакциска сметка на Центар за обука ЕВА 210-067122310140 - НЛБ Тутунска банка АД Скопје со цел на дознака "Обука - Продажни техники и вештини"

Цената на обуката покрај наставата вклучува наставни материјали, кафе паузи, ручек и сертификат.