Центар за обука ЕВА | Training Center EVA

Контакт

Центар за обука ЕВА,
Едукативна вокациска асистенција
ул. Костурски херои 60 (поранешна ул. 29 ноември)
1000 Скопје

Телефон

078 23 13 23

Pause | Play
|
Tray Button

English | Македонски

Објавено: август 2011

КРЕАТИВНО ПИШУВАЊЕ

Овој курс е наменет за сите љубители на книжевноста и на пишувањето. Можат да го посетуваат оние кои никогаш не пишувале, не знаат како, но сакаат и бараат начин да се изразат но исто и оние кои имаат дарба да пишуваат, оние кои веќе пишуваат а сакаат да научат повеќе, да се усовршат, но и да разменат идеи со други пишувачи, да дискутираат и да споделат свои творби.

Групите ќе бидат мали (до 8 слушатели) и ќе се организирани според возраста и претходното искуство во пишување. Бројот на групи е ограничен.

На крај на курсот ќе се организира литературно читање каде секој слушател кој го посетувал курсот ќе има можност да презентира неколку свои дела што ги напишал.

Траење
3 месеци, секој викенд 2 часа х 45 минути (90 минути неделно).

Пријавување
До 10 октомври на е-пошта eva.center@yahoo.com.
Можат да се пријават и слушатели кои не се од Скопје со оглед на тоа што курсот е за време на викенд.

Почеток
Втора половина на октомври.

Цена на цел курс
8.250 ден.
Можност за плаќање на три месечни рати (2.750 ден. месечно).
Уплата во банка или пошта.

КРАТКА ПРОГРАМА

1. Запознавање со книжевните родови: поезија, проза и драма
- нивна поделба и разликување
- основни карактеристики
- истакнати автори
- исклучителни дела

2. ПОЕЗИЈА
- теориски информации (строфа, стих, стилски фигури)
- нивоа на песна (фонетичко, синтаксичко, семантичко)
- анализа на песна и примена на стекнатите знаења

а) Вежби 1
- самостојна анализа на песна
- пишување на стих на зададена тема
- пишување на строфа по зададен стих
- пишување на песна (4 строфи) по зададена строфа
- домашни работи

б) Вежби 2
- колективно пишување на песна ЗБОР по ЗБОР (секој кажува по еден збор и на крај целата низа треба да даде песна)
- секој учесник треба да објасни зошто го кажал токму тој збор
- анализа на песна на соученик (секој студент треба да се обиде да ја анализира песната на оној до него)
- домашни работи

3. ПРОЗА
- теориски информации (расказ, роман, патепис, пејзаж и др.)
- основни карактеристики - основи на наратологија (сетинг, лик, наратор, наративно јадро и др.)
- анализа на расказ

а) Вежби 1
- групна анализа на расказ
- индивидуална анализа (писмена)
- примена на теорија во пракса (имплементирање на знаењата во краток расказ)
- домашна работа

б) Вежби 2
- пишување на тема
- продолжување на расказ и промена на клучните точки на нарација
- заедничка анализа на вежбовните раскази
- домашна работа

4. ДРАМА
- теориски информации (монолог, дијалог, актантна шема, сетинг, мултимедијалност)
- видови и поделба
- разгледување на примери и анализа
- домашна работа

а) Вежби 1
- групна анализа на драмски текст
- индивидуална анализа на драмски текст
- обид за кратка сцена (пишување на еден чин со усна елаборација)
- домашна работа

б) Вежби 2
- гледање на претстава на ДВД и дискусија

5. ХИБРИДНИ ВИДОВИ
- поезија во проза
- изведувачки театар

6. СТИЛИСТИКА
- пролог, епилог, тон, јазик, тензија и др.