Центар за обука ЕВА | Training Center EVA

Контакт

Центар за обука ЕВА,
Едукативна вокациска асистенција
ул. Костурски херои 60 (поранешна ул. 29 ноември)
1000 Скопје

Телефон

078 23 13 23

Pause | Play
|
Tray Button

English | Македонски

Објавено: јули 2011

ПОДГОТОВКА ЗА УПИС ИЛИ ИСПИТ НА ФИЛОЛОШКИТЕ ФАКУЛТЕТИ

Кога сте на раскрсница која се дели на повеќе патишта и која води до многу можни дестинации, важно е да изберете вистински пат, а уште поважно е да имате добар водич кој претходно минал низ патот и кој ќе ви помогне успешно да стигнете до точната дестинација.
Уписот на факултет е една од тие важни раскрсници, а наша задача е да ви помогнеме подготвени да тргнете на патот кој сте го избрале, да ви дадеме стручна и морална поддршка и да го извадиме најдорото од вас.

Студентите кои се подготвуваат за приемен испит или пак за отпочнување студии на некој од филолошките факултети во земјава или пак надвор, можат да посетуваат индивидуална или групна подготовка по следниве предмети:
• Современ јазик
• Фонетика
• Морфологија
• Синтакса
• Книжевност
• Терминологија
• Пишување (академско, креативно)

Исто така доколку студентот се подготвува за полагање одреден испит на факултетот а има дополнителна потреба од подготовка или менторство, постои можност за индивидуални часови со професор од соодветната област, според барањата и потребите на ученикот и со темпо на работа кое самиот го определува.