Центар за обука ЕВА | Training Center EVA

Контакт

Центар за обука ЕВА,
Едукативна вокациска асистенција
ул. Костурски херои 60 (поранешна ул. 29 ноември)
1000 Скопје

Телефон

078 23 13 23

Pause | Play
|
Tray Button

English | Македонски

Објавено: јули 2011

Подготвителен курс за полагање Државна матура по математика

Математиката како екстерен предмет од матурскиот испит се вреднува при уписот на студенти на студии на Природно-математичкиот факултет и на другите државни факултети кои се во релација со математиката и тоа на напредно и на основно ниво во зависност од тоа дали студентот сака да запише студии по математика или информатика (напредно ниво) и физика или математика-физика (основно ниво) кога станува збор за упис при ПМФ.

Целта на овој курс е да се изучат сите тематски содржини застапени во учебниците за подготовка за матура по математика дали на основно или на напредно ниво. Подготвителниот курс опфаќа почетно тестирање на ученикот за одредување на нивото на математичко знаење, па според тоа и одредување на методолошкиот пристап во изучувањето на следните наставни подрачја (Забелешка: Во заграда се додадени наставните теми за напредно ниво.):
• Алгебра: Основни бројни множества, Алгебарски рационални изрази, Линеарна функција, равенка и неравенка, Систем линеарни равенки и неравенки, Квадратни равенки (степени и корени, комплексни броеви, квадратна функција и неравебка, експоненцијална и логаритамска функција) • Геометрија: Геометриски фигури во рамнина, Периметар и плоштина на рамнински фигури, Геометриски фигури во простор, Плоштина и волумен на тело.
• (Тригонометрија: Тригонометриски функции од остар агол, Основни тригонометриски функции од произволен агол, Графичко претставување и трансформации, Равенки).
• Аналитичка геометрија: Правоаголен координатен систем во рамнина, Равенка на права, Заемна положба на две прави (Кружница).
• Веројатност: Експеримент, Настан, Класична дефиниција на веројатноста, Операции со случајни променливи, Својства и формули за веројатноста (Комбинаторика и Статистика).
• Прогресии: Аритметичка, геометриска и бескрајна геометриска прогресија (Функции и гранична вредност на функција, Диференцијално сметање).

На крајот на курсот, ученикот треба да знае да расудува логички, да решава проблеми, да е способен за графичка и вербална математичка комуникација, да знае да го искористи математичкото знаење во различни соодветни контексти, да знае да процени и избере соодветен метод за решавање на даден проблем.

Курсот трае 2 недели со вкупно 8-10 часа. Секој час трае 90 минути.
Се одржува групна настава со 3-6 ученици.
На Ваше барање се држи и индивудална настава.
Термините и темпото на часови се одредува во консултација со професорот и зависи од потребите и барањата на ученикот.

Оваа година курсот е интензивен и трае 10 дена почнувајќи од 5-ти август.
Цената на курсот (групна настава) со 8 часа изнесува 2.400 ден.
Цената на курсот (индивидуална настава) со 8 часа изнесува 3.200 ден.

Пријавување и информации на 078 23 13 23, или на е-пошта eva.center@yahoo.com.

Известување!
Вториот испитен термин по математика ќе се одржи на 16 август 2011 година.