Центар за обука ЕВА | Training Center EVA

Контакт

Центар за обука ЕВА,
Едукативна вокациска асистенција
ул. Костурски херои 60 (поранешна ул. 29 ноември)
1000 Скопје

Телефон

078 23 13 23

Pause | Play
|
Tray Button

English | Македонски

Објавено: септември 2016

ПРОФЕСИОНАЛНИ КУРСЕВИ ЗА НОКТИ – 4 години континуитет

Научете од професионалци и отворете си можност за свој бизнис!

 

Центар за обука ЕВА организира два курса за нокти, секој составен од по две обуки:

1. БАЗНА ГЕЛ ТЕХНИКА + БАЗНА NAIL ART ОБУКА

Овој курс се наменет за лица кои немаат искуство во областа или никогаш немале можност да добијат професионална едукација за изработка на нокти. Обуките ги вршат сертифицирани едукатори кои ви овозможуваат детално и постапно, практично совладување на техниките за обработка, изливање и конструирање на ноктите.
По завршувањето на Базната гел техника, учесниците преминуваат на Базна Nail Art обука и учат шеми и техники на исцртување и стилизирање на ноктите, како и повеќе стилови на уметничко декорирање и украсување на ноктот.

Целиот курс (двете обуки заедно) опфаќа вкупно 20 часа од 60 минути, распоредени во два викенди, 4 дена целодневно. Курсевите најчесто се одвиваат за време на викенд, во просториите на Центар за обука ЕВА, Скопје, а има можност и термини за групи во текот на работната недела.

Редовната цена на курсот е 300 евра со можност за плаќање на 2 рати.

2. НАПРЕДНА ГЕЛ (ADVANCED GEL) ТЕХНИКА - Усовршување + NAIL ARТ

Овој курс е соодветен за лица кои имаат претходно искуство со изработка на нокти и ја познаваат основната гел техниката, но сакаат да се доостручат и да ги видат, научат и усовршат најновите техники од последните светски трендови и лиценцирани едукатори.

Овие обуки на усовршување им отвараат можност на сите заинтересирани да стекнат подлабоки знаења низ систематски пристап, фокусирано и менторирано увежбување, да ги усвојат најновите техники, да развијат попрофесионален пристап и кон работата и кон клиентите, а со тоа да си отворат сериозни кариерни можности и можности за сопствен бизнис.

Овој курс трае 2 дена, целодневна обука која содржи вкупно минимум 10 работни часа од 60 минути.

Редовната цена е 200 евра со можност за плаќање на 2 рати.

И двата курса, ги врши сертифициран едукатор со долгогодишно искуство во областа, кој ви овозможува детално, постапно и практично совладување на техниките за обработка, изливање и конструирање на ноктите, како и нивно исцртување и стилизирање.

3. Покрај часовите и знаењето кое едукаторите несебично го даваат, и со двата курса за нокти (БАЗНА ГЕЛ ТЕХНИКА + БАЗНА NAIL ART и НАПРЕДНА ГЕЛ ТЕХНИКА + NAIL ARТ) добивате:

- Можност за одложено плаќање на РАТИ
- Вклучени МАТЕРИЈАЛИ за работа на час (скрипти, гелови, алатки за работа итн.)
- ПОДАРОК СЕТ со материјали за нокти во вредност од 2000 денари, за идна употреба:
Сетот подарок вклучува:
1. Пинч алатка од не'рѓосувачки челик
2. Четка за гел од природно (несинтетичко) влакно
3. Шаблони за изливање и надградба на нокти
4. Два вида декорации за нокти (добиваат учесниците на курсот за Напредна гел техника + Nail Art)
- Живи МОДЕЛИ на чии нокти работите на час
- ВАУЧЕР со 15% попуст на курсевите во ЕВА за цела 2016 и 2017 година
- СЕРТИФИКАТИ за двете одделни обуки
- До 15 % попуст на професионален сет материјали за нокти за ваша идна работа
- 20% попуст за организирање на ваша професионална фотосесија со 3 различни изработки на нокти за идна промоција
- 20% попуст за изработка на ваша интернет страна за идна промоција

Групите се мали и ефективни до 6 курсисти максимум во група и едукаторката е насочена на секој индивидуално да го покаже процесот.

Пријавувањето можете да го направите со оставање на вашите лични податоци (име, презиме, адреса и телефонски број) на нашите телефонски броеви 02 / 3256 262, 078 / 23 13 23 и нашата e-mail адреса contact@tc-eva.com и eva.center@yahoo.com или лично во Центар за обука ЕВА од 10:00 до 18:00 часот.

Уплатата се врши на следниов начин:
Примач: Центар за обука ЕВА
Сметка: 210-067122310140 - Тутунска банка АД Скопје
Цел на дознака: “За курсот за нокти”