Центар за обука ЕВА | Training Center EVA

Контакт

Центар за обука ЕВА,
Едукативна вокациска асистенција
ул. Костурски херои 60 (поранешна ул. 29 ноември)
1000 Скопје

Телефон

078 23 13 23

Pause | Play
|
Tray Button

English | Македонски

Објавено: септември 2016

КУРС ЗА НАДГРАДБА НА ВЕЃИ – ВЛАКНО ПО ВЛАКНО

НОВ КУРС ВО ЦЕНТАРОТ ЕВА И НАЈНОВ СВЕТСКИ МЕТОД ЗА ПРВПАТ ВО МАКЕДОНИЈА

 

Центар за обука ЕВА воведува нов курс за најновата светска техника – надградба на веѓи влакно по влакно. Оваа метода е револуционерна на нашите простори затоа ја препорачуваме на сите естетичари и козметичари како одличен начин да ја збогатат понудата во нивните салони, но и на сите кои сакаат да ги научат последните светски естетски техники и да понудат нешто за првпат видено на нашите простори.

Индустријата за убавина секојдневно напредува. Се пронаоѓаат нови супстанци. Се измислуваат нови третмани за подмладување, нови техники во естетиката. Сите светски ѕвезди и јавни личности, како и жените кои целат кон совршен изглед ја користат оваа метода.

За првпат во Македонија се воведува најновиот светски метод за надградба на веѓи влакно по влакно.

Во светот се’ повеќе и повеќе се избегнуваат инвазивните и трајни методи на исцртување на веѓи, како што е јапонското исцртување или пак трајната шминка и се’ повеќе се прибегнува кон природни, неризични и неинвазивни методи.

Идеално решение за привремен природен и правилен изглед на веѓите е надградбата на веѓи со синтетички влакна. Надградбата се прави така што влакната се лепат на вашите веѓи (на кожата) со специјален медицински лепак, кој нема никакво штетно влијание на кожата и е водоотпорен.

Со овој метод може да се дополнат недостатоците на веѓите, а исто така и комплетно да се промени нивниот облик и да се добие посакуваниот, совршен изглед на веѓите.

Синтетичките влакна што се користат за овој метод ги има во повеќе нијанси, така што е лесно да се најде потребната нијанса.

Оваа техника се изучува за првпат во нашиот Центар за обука ЕВА од страна на сертифициран едукатор за оваа техника, лиценциран од York University во САД.

Времетраењето на курсот е 3 дена целодневно, а целиот курс опфаќа минимум 12 часа од 60 минути.

Часовите се најчесто за време на викенд, но постои можност и за организирање на термини во текот на работната недела.

Редовната цена на курсот е 500 евра со можност за плаќање на 2 рати.

Покрај часовите и знаењето кое едукаторот несебично го дава, ДОБИВАТЕ:

- Можност за одложено плаќање на РАТИ
- Вклучени МАТЕРИЈАЛИ за работа на час
- ПОДАРОК СЕТ материјали за идна употреба (со материјалите можете да опслужите околу 20-тина клиенти)
- Живи МОДЕЛИ за работа на час
- 10% попуст на за понатамошна нарачка на материјали за изработка на овој метод.
- ВАУЧЕР со 15% попуст на курсевите во ЕВА за цела 2016 и 2017 година
- СЕРТИФИКАТ
- 20% попуст за изработка на ваша интернет страна за ваша промоција или на вашиот салон

Бројот на кандидатите е ограничен, а групите се мали за ефикасност на курсот и внимание на секој учесник одделно.

Пријавувањето можете да го направите со оставање на вашите лични податоци (име, презиме и телефонски број) на нашите телефонски броеви 02 / 3256 262, 078 / 23 13 23 и нашата e-mail адреса contact@tc-eva.com и eva.center@yahoo.com или лично во Центар за обука ЕВА од 10:00 до 18:00 часот.

Уплатите се вршат на нашата трансакциска сметка на Центар за обука ЕВА 210-067122310140 - Тутунска банка АД Скопје, со цел на дознака : “За курсот за надградба на веѓи”.