Објавено: јули 2011

ДЕЛОВЕН

Оставете силен впечаток. Подобрете го личниот и корпоративниот имиџ.

Овие курсеви се наменети за студенти, постдипломци, лица кои се пред вработување и деловни луѓе од различни професии, поединци или компании/организации. Според тоа има неколку нивоа и програми соодветни за секој тип слушатели.

Учебниот материјал е светски познат и изработен од врвни јазични експерти во соработка со стручњаци и професори од престижни школи за бизнис и менаџмент. Покрај тоа што се учи јазикот низ теми, ситуации и вокабулар од бизнис сферата, се учи и успешна и ефикасна комуникација, усна и пишана кореспонденција во деловна средина, се учат деловни вештини, преговарање, препознавање и решавање на проблеми и соочување со бизнис предизвици. Во тоа особено помагаат студиите на случаи (кои се дел од секоја наставна единица) од различни познати компании и организации кои ги споделиле своите искуства и примери на работа. Овие курсеви даваат една авторитативна бизнис перспектива каде професионалната теорија има примена во реални секојдневни ситуации на работното место.

Наставата е интересна и динамична и изобилува со содржини и интерактивни активности низ кои јазикот се совладува со активно учество на час.

Часовите се одржуваат во просториите на Центарот ЕВА или во просториите на вашата компанија, по избор. Постои можност и за индивидуални часови.

Забелешка
Овој курс може да биде стандарден и интензивен во зависност од темпото и бројот на часови неделно. Може да се организира и во вид на неколкунеделна интензивна обука или серија на обуки кои ги опфаќаат оние содржини и наставни единици кои вам или на вашата организација и' се потребни за подобро функционирање.

Почеток
3 октомври.
(Пријавувањето трае до 22 септември).

Траење на стандарден курс
1 учебна година (2 семестри) 2 х 90 мин. неделно

Цена од семестар
8.400 ден.
Можност за плаќање на месечни рати.
Уплата во банка или пошта.

Пријавување
На е-пошта eva.center@yahoo.com
Оставете го вашето име и презиме, датум на раѓање, тел. за контакт и курс кој сте заинтересирани да го посетувате и ќе добиете повратно известување за вашиот термин за влезно полагање за да се одреди вашето ниво на познавање на јазикот и соодветната програма/група.