Објавено: јули 2011

Интензивен летен курс по англиски јазик конверзација

Активирајте го вашето пасивно знаење.

Курсот е наменет за слушатели кои имаат најмалку одлично елементарно познавање на англискиот јазик (ниво А2+), но имаат проблеми да се изразат и бариера да комуницираат на англиски јазик.

Целта на курсот е да го активира вашето пасивно знаење, да ве ослободи при говорот, да го збогати и вашето теоретско знаење низ практични граматички и дијалошки вежби, да ве оспособи да го користите јазикот во пракса и успешно да се изразите во секакви можни ситуации. Акцент се става на вокабулар, разговорни фрази, колоквијални изрази, идиоми, конверзација на најразлични актуелни и потребни теми од секојдневието и работата, кои на часовите ги симулираме низ зададени ситуации, дијалози и групни дискусии.

Се учат и техники на ослободување во говорот.

Се работи во мали групи со цел на секој слушател да му се посвети доволно време за да се постигнат високи резултати. Наставната програма и вежбите се од Oxford University Press.

Курсот завршува со усно тестирање по зададена тема или ситуација и добивате Диплома за завршен курс по конверзација според вашето ниво и покажаниот резултат.

Траење
5 недели, 2 х 120 мин. Термините се попладне, после работно време. Курсот започнува на 4-ти август.

Очекуван резултат
На крајот на курсот секој слушател ќе има значително збогатен вокабулар од различни теми на секојдневието, надградено теоретско знаење, потечен говор и поголема сигурност при изразувањето и успешно и јасно ќе може да ја пренесе пораката.

Пријавување и информации на 078 23 13 23, или на е-пошта eva.center@yahoo.com.