Објавено: јули 2011

Курсеви за средношколци (15 - 18 год.)

Ниво Ц1 (Ц1.1/Ц1.2) и Ц2 (Ц2.1/Ц2.2)

Кој кажа дека учењето е здодевно?

Не со нас.

Може да биде и забавно и динамично и продуктивно и ефективно и креативно во исто време. Цел на нашето работење со учениците е постигнување ВИСОКИ РЕЗУЛТАТИ и ништо помалку од тоа.

Најголем предизвик на нашиот енергичен и талентиран тим на професори е учењето јазик да се направи задоволство, да го разбуди интересот кај ученикот за усвојување на што поголемо знаење и да втемели здрава работна навика и позитивен пристап кон она што е ново и непознато, а треба да се совлада. Тоа се прави од рана возраст. Мотивацијата е една од клучните фактори за успех во изучувањето на странски јазик а ние сме тука да ја поттикнеме и да ја оддржуваме жива.

Овој курс има за цел низ игра да ги запознае децата со јазикот и културата на земјата чиј јазик го изучуваат. Се учи низ многу слушање, имитација на изговореното, драматизација на ситуации и генерално курсот се сведува на усна интеракција и базично описменување. Се користи музика, слика и разни едукативни помагала.

Курсевите од нивото Ц оспособуваат за компетентна употреба на јазикот и усовршување на јазичните вештини на ниво на кое учениците ќе можат да читаат покомплексни текстови од различни сфери, да слушаат подолги и посложени дијалози, да репродуцираат, да поврзуваат информации и извлекуваат заклучоци, да даваат мислење, да дебатираат и аргументираат на различни теми, да пишуваат различни видови текстови и есеи на зададени теми и да користат побогат вокабулар, фрази, идиоми итн.

Траење
Курсевите Ц1.1 и Ц2.1 траат една учебна година, двапати неделно по 90 мин. Курсевите Ц2.1 и Ц2.2 се подготовки за испит и се предвидени да траат еден семестар, но темпото генерално зависи од напредокот на групата и интензитетот на часовите. Можат да траат повеќе или помалку од семестар. Постои можност и за индивидуални часови, повеќе пати неделно.

Сите курсеви се во согласност со Заедничката европска рамка за јазици - CEFR.

Начин на работа
• Групите се составени од 5 до 8 ученици, со цел наставата да биде ефикасна и на секого да мѕ се посвети квалитетно внимание.
• На часовите се води евиденција за посетеност и родителите се известуваат доколку ученикот бил двапати отсутен од час.
• Напредокот на учениците постојано се следи низ тестирања и проверка на знаењето.
• Се организираат дополнителни часови за подготовка пред тестирање на училиште или за поправање на оцена.
• Двапати во семестарот професорот испраќа e-mail известување до родителот за напредокот, работата и поведението на ученикот.
• На крајот на учебната година има завршно тестирање и се доделува признание за завршување на курсот.
• Во текот на учебната година се организираат низа друштвени активности како излети, настава во природа, забави, посетување на културни настани и патувања.

Уписи
• Уписите за посетување на курсеви во учебната 2011/2012 година се најдоцна до 22 септември.
• Ученикот до 22 септември треба да се пријави на на е-пошта eva.center@yahoo.com, да остави свое име и презиме, датум на раѓање и телефонски број.
• Од Центарот ЕВА ќе добие повратно известување за неговиот термин за влезно тестирање, кое има за цел да го одреди соодветното ниво и соодветниот курс за слушателот.
• Плаќањето на курсевите се врши првата недела од посетувањето на курсот во банка или пошта. Можно е плаќање на месечни рати.
• Доколку две или повеќе лица од исто семејство посетуваат курсеви во Центарот ЕВА или доколку едно лице посетува повеќе од еден курс, се добива попуст од 15% на втор избран курс и 20% на трет курс.