Објавено: јули 2011

Курсеви за основци (7 - 10 год.) | (11 - 14 год.)

Ниво A1 (А1.1/А1.2) и A2 (А2.1/А2.2) | Ниво Б1 (Б1.1/Б1.2) и Б2 (Б2.1/Б2.2)

Кој кажа дека учењето е здодевно?

Не со нас.

Може да биде и забавно и динамично и продуктивно и ефективно и креативно во исто време. Цел на нашето работење со учениците е постигнување ВИСОКИ РЕЗУЛТАТИ и ништо помалку од тоа.

Најголем предизвик на нашиот енергичен и талентиран тим на професори е учењето јазик да се направи задоволство, да го разбуди интересот кај ученикот за усвојување на што поголемо знаење и да втемели здрава работна навика и позитивен пристап кон она што е ново и непознато, а треба да се совлада. Тоа се прави од рана возраст. Мотивацијата е една од клучните фактори за успех во изучувањето на странски јазик а ние сме тука да ја поттикнеме и да ја оддржуваме жива.

Овој курс има за цел низ игра да ги запознае децата со јазикот и културата на земјата чиј јазик го изучуваат. Се учи низ многу слушање, имитација на изговореното, драматизација на ситуации и генерално курсот се сведува на усна интеракција и базично описменување. Се користи музика, слика и разни едукативни помагала.

Курсевите од нивото А имаат за цел запознавање со основата на англискиот јазик, поставување квалитетна база, која е најважен услов за успешно совладување на јазикот. Учениците низ интересни содржини и наставни активности ги совладуваат вештините на пишување, читање, слушање и говорење. Курсевите од нивото Б се ориентирани кон оспособување на ученикот за самостојна употреба на јазикот и јазично и когнитивно зреење. Целта е успешно изразување во различни контексти од секојдневието, прилагодени на возраста и интересите, но и продлабочување и постојано надградување на јазичните вештини и вокабуларот. Курсевите со по најнови наставни материјали и современи содржини кои одговараат на интересите и на возраста на учениците.

Траење
Цела учебна година (2 семестри) двапати неделно од 60 до 90 мин., зависно од курсот.

Сите курсеви се во согласност со Заедничката европска рамка за јазици - CEFR.

Начин на работа
• Групите се составени од 5 до 8 ученици, со цел наставата да биде ефикасна и на секого да мѕ се посвети квалитетно внимание.
• На часовите се води евиденција за посетеност и родителите се известуваат доколку ученикот бил двапати отсутен од час.
• Напредокот на учениците постојано се следи низ тестирања и проверка на знаењето.
• Се организираат дополнителни часови за подготовка пред тестирање на училиште или за поправање на оцена.
• Двапати во семестарот професорот испраќа e-mail известување до родителот за напредокот, работата и поведението на ученикот.
• На крајот на учебната година има завршно тестирање и се доделува признание за завршување на курсот.
• Во текот на учебната година се организираат низа друштвени активности како излети, настава во природа, забави, посетување на културни настани и патувања.

Уписи
• Уписите за посетување на курсеви во учебната 2011/2012 година се најдоцна до 22 септември.
• Ученикот до 22 септември треба да се пријави на на е-пошта eva.center@yahoo.com, да остави свое име и презиме, датум на раѓање и телефонски број.
• Од Центарот ЕВА ќе добие повратно известување за неговиот термин за влезно тестирање, кое има за цел да го одреди соодветното ниво и соодветниот курс за слушателот.
• Плаќањето на курсевите се врши првата недела од посетувањето на курсот во банка или пошта. Можно е плаќање на месечни рати.
• Доколку две или повеќе лица од исто семејство посетуваат курсеви во Центарот ЕВА или доколку едно лице посетува повеќе од еден курс, се добива попуст од 15% на втор избран курс и 20% на трет курс.