Центар за обука ЕВА | Training Center EVA

Контакт

Центар за обука ЕВА,
Едукативна вокациска асистенција
ул. Костурски херои 60 (поранешна ул. 29 ноември)
1000 Скопје

Телефон

078 23 13 23

Pause | Play
|
Tray Button

English | Македонски

Објавено: ноември 2011

ШКОЛА ЗА ЦРТАЊЕ И СЛИКАЊЕ

“Ако сакате да се искажете малку поинаку од другите...”

Оваа школа е наменета за сите оние кои се заинтересирани за уметност, имаат талент, желба и сите оние кои сакаат ликовно да се изразуваат без разлика на возраста. Школата ќе им овозможи да ги запознаат основните елементи и принципи на ликовниот јазик. Со практични вежби, индивидуалното изразувањето се ослободува и се повеќе се развиваат субјективните фактори како перцепција, имагинација, фантазија, чувства, со кои започнува творечкиот процес.Овие фактори и ликовниот јазик ќе се градат преку основните техники на цртање и сликање, низ практични вежби, а нивното познавање ќе овозможи подобро разбирање на визуелниот свет, развивање на способностите за гледање и анализирање на едно уметничко дело, поголема ефикасност во ликовното изразување и самостојното истражување во ликовната област. Со тоа ќе се развие и критички став и естетски суд за уметноста.

Концепт:
• Основни техники на цртање и сликање (молив, јаглен, пастел, темпера)
• Мерење и пренесување композиција
• Основни елементи и принципи (линија, форма, боја, големина, хармонија, рамнотежа, контраст)
• Основи за цртање портрет (пропорции и правила за анфас и профил)
• Цртање портрет по жив модел
• Цртање и сликање мртва природа
• Масло на платно
• Слободно изразување
• Вежби (сликање пејзаж во природа, сликање масло на платно, итн.)

Во цената е вклучен основниот прибор за основните техники (молив, гума, 5-6 четки, палета, водени боици, основни темперни или акрилни бои)
На крај од школата ќе се одржи тематска изложба или изложба од најдобрите дела на сите студенти.

Пријавување и информации на 078 23 13 23, или на е-пошта eva.center@yahoo.com.

* Aко има интерес кај кандидатите може да има сликање пејзаж во природа, и вежба за сликање масло на платно.