Центар за обука ЕВА | Training Center EVA

Контакт

Центар за обука ЕВА,
Едукативна вокациска асистенција
ул. Костурски херои 60 (поранешна ул. 29 ноември)
1000 Скопје

Телефон

078 23 13 23

Pause | Play
|
Tray Button

English | Македонски

ЕФЕКТИВНА ДЕЛОВНА КОМУНИКАЦИЈА

* Зошто и како успешните секогаш наоѓаат начин и пат за достигнување на целите ?
* Како да победувате и остварувате без да создавате непријатели и како да преговарате и успевате а при тоа секој да е задоволен?
* Како да комуницирате за да воспоставите одлични односи со вашиот тим, клиенти, соработници, претпоставени, подредени или блиски?

 

Наменета за:
- Вработени лица во било кој сектор и на било кое хиерархиско ниво
- Претприемачи, менаџери, говорници, лица кои имаат јавна професија или се дел од медиум, лица кои се занимаваат со туризам и услужни дејности, лица чие секојдневие вклучува контакти со луѓе од разни сфери
- Невработени лица пред старт на својата кариера и млади луѓе чија цел е да влезат во работен однос и да изградат успешна кариера
- Лица кои сакаат да направат промена на работна позиција, компанија или кои сакаат да научат како до посакуваното унапредување
- Секој кој сака да ги подобри своите комуникациски вештини на повисоко ниво, сака да работи на себе и е свесен дека вештата комуникација е клуч за успехот.

Цели: Подигнување на ефективноста во комуникацијата преку:
Разбирање на комуникацискиот циклус
Препознавање на значењето на feedback-от во комуникацијата
Идентификација на комуникациските стилови
Методи за остварување на rapport (комуникациски мост)
Превенирање на комуникациски недоразбирања
Справување со тешки и непријатни соговорници
Надминување на конфликти

Содржина:

Воведен Модул
o КОМУНИКАЦИСКИ МОСТ – Разбирање на Субјективната Стварност
§ Shannon-Weaver модел
§ Feedback – смисолот на комуникацијата
o Комуникациски фактори
o Видови на комуникација
§ Вербална комуникација
· Вежба
§ Паравербална комуникација
· Вежба

КОМУНИЦИРАЊЕ ВО РАЗЛИЧНИ КОНТЕКСТИ – Комуникација со EQ
o Прерамување
o Критика без повреда
o Справување со критики и приговори
o Справување со "тешки" и лути соговорници
o Преговарање
· Техники/Тактики
· Грешки

КОМУНИЦИРАЊЕ ВО РАЗЛИЧНИ КОНТЕКСТИ – Комуникација со EQ - продолжение
o Разбирање на другите / Себеразбирање
o Каде започнува влијанието врз другите?
o Принципи на убедување
o Методи на убедување

Тест за одредување на сопствениот комуникациски стил
o Прилагодување кон стилот на соговорникот

Практични вежби
o Case study (ies) – решавање на ситуација од реална деловна/животна ситуација
o Најчести конфликтни ситуации

Затворање на обуката
o Профил на ефективен комуникатор
o Q&A

Oбуката ќе се одржи на 19-ти и 20-ти ноември од 10:00 до 18:00 часот и ќе вклучува теориски концепти, интерактивни вежби и ситуациони вежби за увежбување на техниките.

Редовната цена е 7.400 денари.
За поранешни и сегашни клиенти на ЕВА: 6.400 денари
За рано пријавување до 8-ми ноември - 10% попуст.
За двајца колеги или членови од исто семејство - додатни 5% попуст за секој пријавен.
За компании и групно учество - 15% попуст.

Пријавување на 02/ 3 256 262 и 078/23 13 23 и на e-mail: eva.center@yahoo.com , contact@tc-eva.com сo полно име и презиме, возраст и телефон за контакт. Местата се ограничени!

Пријавувањето се смета за валидно и местото се резервира само по извршена уплата на трансакциска сметка на Центар за обука ЕВА 210-067122310140 - НЛБ Тутунска банка АД Скопје со цел на дознака "Обука - Ефективна деловна комуникација"

Цената на обуката покрај наставата вклучува наставни материјали, кафе паузи, ручек и сертификат.