Центар за обука ЕВА | Training Center EVA

Контакт

Центар за обука ЕВА,
Едукативна вокациска асистенција
ул. Костурски херои 60 (поранешна ул. 29 ноември)
1000 Скопје

Телефон

078 23 13 23

Pause | Play
|
Tray Button

English | Македонски

Објавено: јули 2011

ЧАСОВИ ПО МАТЕМАТИКА за основци и средношколци

“Математиката е егзактна наука која користи прости зборови за сложени идеи. Таа не ги комплицира едноставните нешта, туку нејзина задача е да ги поедностави сложените.“

Часовите по математика се наменети за ученици од основните и средните училишта кои имаат потешкотии со разбирањето на математиката, но и за оние кои ја владеат математиката и сакаат да го усовршат своето знаење.

На часовите по математика ученикот ќе ја стекне способноста за логичко расудување и математичка комуникација, правилно проценување и одредување методи, како и ќе добие соодветно математичко знаење во областа која ја изучува. Секако, темпото на вежбање е пресудно за висината на нивото на математичката подготвеност на ученикот. На почетокот секој ученик ќе биде тестиран, усно или писмено, за да се согледа нивото на математичко знаење на ученикот, со цел да се избере соодветен метод за настава.

Часовите се одржуваат групно. Групите се состојат од 3-6 ученици. На барање и желба на ученикот или по предлог на професорот, се одржуваат и индивидуални часови. Бројот на неделните индивидуални часови е по договор.

Цена на месечен групен курс
• 1.200 ден. (4 недели, 1 час x 90 мин. неделно)
• 1.800 ден. (4 недели, 2 часа неделно по 90 мин.)

Цена на месечен индивидуален курс
• 2.000 ден. (4 недели, 1 час x 90 мин. неделно)
• 4.000 ден. (4 недели, 2 часа неделно по 90 мин.)

Пријавување и информации на 078 23 13 23, или на е-пошта eva.center@yahoo.com.