Центар за обука ЕВА | Training Center EVA

Контакт

Центар за обука ЕВА,
Едукативна вокациска асистенција
ул. Костурски херои 60 (поранешна ул. 29 ноември)
1000 Скопје

Телефон

078 23 13 23

Pause | Play
|
Tray Button

English | Македонски

Објавено: јули 2011

Подготвителен курс за полагање приемен испит на Архитектонски факултет

Курсот е ориентиран да ве подготви за полагање на предметот цртање за прием на Архитектонскиот факултет и целта е да ги научите и усовршите основните принципи и техники во цртањето. Програмата на курсот е поделена во три дела: Елементи на композиција, законитоски на перспектива и Линија- основен елемент на цртеж.

Траење
2 недели, 8 часа х 90 мин. (4 пати неделно х 90 мин)
Се работи во мали групи со цел професорот да може да се посвети на секој од слушателите.

Забелешка
Постои можност и за индивидуални часови, термини и темпо кои вас ви одговараат, во консултација со професорот.

Курсот почнувува на 4-ти август. Пријавување и информации на 078 23 13 23, или на е-пошта eva.center@yahoo.com.

Кратка програма:

Композиција
• Елементи на композиција
• Глобално поставување на цртеж
• Просторни планови
• Подредување – сооднос – пропорции – помошни линии – конструктивни линии
• Фокусни точки
• Единство

Перспектива
• Законитости на централна перспектива
• Законитости на аголна перспектива (перспектива со два недогледа)
• Хоризонт
• Одалеченост и перспективно скратување

Линија – основен елемент на цртеж
• Карактер на линија, доловување на просторност
• Личен печат
• Хиерархија
• Структура на линија, материјализација со помош на линија