Објавено: јули 2011

ОПШТ

Кршиме бариери. Разбираме. Комуницираме. Се поврзуваме.

Овие курсеви се ефикасна комбинација на граматика, вокабулар, слушање, говорење, читање, пишување, конверзација и практични вежби. Се одвиваат во 5 нивоа (А1, А2, Б1, Б2, Ц1) од основно до компетентно ниво. Секое ниво трае една учебна година.

Наставата е според светски најпризнатите учебници кои гарантираат успех и е во тек со сите новитети од областа на изучувањето на странскиот јазик како втор т.е. немајчин. Темите низ кои се учи се широки и интересни, наставниот материјал е богат и не се потпира само на фиксна и готово подготвена програма од учебникот, туку за секој час и група се подготуваат дополнителни јазични матријали и активности во согласност со потребите и интересите на групата.

Наставата се одвива во мали групи до 8 слушатели со цел секому да му се посвети квалитетно внимание. Постои можност и за индивидуални часови.

Наставата се одржува во просториите на Центарот ЕВА или во просториите на вашата компанија/организација, по избор.

Во текот на наставата заедно го следиме вашиот прогрес низ усни и писмени тестирања и зададени ситуации. Истовремено и работата на професорите се евалуира преку прашалници за наставата кои вие ги пополнувате.

На крај на нивото има завршно тестирање и доделување признание за соодветното завршено ниво.

Забелешка
Овој курс може да биде стандарден и интензивен во зависност од темпото и бројот на часови неделно.

Пријавувањето трае до 22 септември.

Траење на стандарден курс
1 учебна година (2 семестри) 2 х 90 мин. неделно.

Цена од семестар
6.400 ден.
Можност за плаќање на месечни рати.
Уплата во банка или пошта.

Пријавување
На е-пошта eva.center@yahoo.com
Оставете го вашето име и презиме, датум на раѓање, тел. за контакт и курс кој сте заинтересирани да го посетувате и ќе добиете повратно известување за вашиот термин за влезно полагање за да се одреди вашето ниво на познавање на јазикот и соодветната програма/група.